11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

За утре закажана втората рунда преговори меѓу Русија и Украина

Втората рунда преговори меѓу Русија и Украина е закажана за утре, јави руската државна новинска агенција „Тас“ повикувајќи се на извор од руска страна.

Првата рунда преговори, која се одржа во близина на границата меѓу Белорусија и Украина, заврши во понеделникот по речиси шест часа без никаков договор, но двете страни се договорија следната рунда да се одржи во наредните денови.

„Двете страни идентификуваа голем број приоритети и теми што бараат одредени одлуки пред вториот круг преговори“, изјави Михаил Подољак, еден од преговарачите на Украина.

Неговиот руски колега Владимир Медински рече дека нов состанок ќе се одржи набргу.

Првата рунда преговори се одржа во регионот Гомел во зоната на белоруско-украинската граница на петтиот ден од почетокот на руската инвазија на Украина.

Како што беше претходно најавено, Киев на средбата побара итен прекин на огнот и повлекување на руските војници од украинска територија.

Претседателот Володомир Зеленски ги повика руските војници да го положат оружјето, а Европската Унија итно да ја прими Украина во членство.

Иако руската страна јавно не ги кажа своите барања, Владимир Путин за време на разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон рече дека бара меѓународната заедница да го признае рускиот суверенитет на Крим и, како што истакна претходно, демилитаризација и денацификација на Украина.

Спонзорирано: