23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Ракетен напад во Киев уништи студентски дом и две станбени згради, тврдат украинските власти

Претходно денеска во ракетен напад врз Василков, Била Церква и Калиновка во Киевската област беа уништени петкатен студентски дом и две станбени згради кои исто така имаа пет ката, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Си-Ен-Ен пишува дека три единици за брза помош се на пат да му пружат помош на студентскиот дом кој беше погоден во Била Церква.

Единици за брза помош не се на пат кон двете петкатници во Василково и Калиновка бидејќи гранатирањето е во тек.