11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАСВЕТИЗБОР

3.400 долари месечно за секој војник: Зеленски ги зголеми платите на украинските војници – Нека знаат дека земјата им е благодарна

Да потсетиме, Зеленски денеска разговараше со Александар Лукашенко, претседател на Белорусија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги зголеми платите на војниците.

Војник ќе добива 3.400 долари месечно, пишува Киев Индипендент.

– Да знаат дека земјата им е благодарна – рече претседателот на Украина.

Да потсетиме, Зеленски денеска разговараше со Александар Лукашенко, претседател на Белорусија.

– Разговорот со Александар Лукашенко беше многу субјективен. Не сакам проектили, авиони и шрафцигери да летаат од Белорусија до Украина. Не сакам војниците да одат во Украина од Белорусија. Тој ме увери во тоа – рече Зеленски во триминутното видео што го објави на Фејсбук.