23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Крадец во супермаркет ја ограбил Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел била ограбена во четвртокот за време на шопинг, објави во петокот агенцијата ДПА.

Нејзината чанта била украдена додека пазарела во сувомеснатиот дел на Морсестрасе во Шарлотенбург околу 11:40 часот во четвртокот.

Полицијата потврди дека 67-годишната жена ја пријавила кражбата во центарот на Берлин, пишува Хина.

Во украдениот паричник имало лична карта, дебитна картичка, возачка дозвола и готовина. Кабинетот на поранешната германска канцеларка одби да коментира.

Најмалку еден телохранител од Федералната канцеларија за криминалистичка полиција ја следеше Меркел до продавницата, а полицијата сега ја истражува кражбата.

Дури и кога беше канцелар на Германија, Меркел сама одеше во продавница и често беше видена во продавниците во близина на владиниот кварт или во одделот за намирници на француските стоковни куќи на Фридрихштрасе во центарот на Берлин.

Еден од најмоќните лидери во повоената германска историја и многу важен политичар на европско и глобално ниво, Меркел минатата година ја напушти функцијата канцелар по 16 години на власт.

Спонзорирано: