25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Русија е подготвена на преговори на високо ниво со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изразил подготвеност за преговори со Украина.

„Русија е подготвена да води преговори со Украина на високо ниво“, рече Путин, пренесе кинеското Министерство.

Како што се посочува, претседателот на Кина за време на разговорите изјавил дека во ситуацијата околу Украина треба да се напушти менталитетот на Студената војна и да се почитуваат легитимните интереси на сите земји во сферата на безбедноста.

„Кина ја одредува својата позиција врз основа на суштината на самото украинско прашање. Потребно е да се напушти менталитетот на Студената војна, да се почитуваат правните интереси на сите земји во безбедносната сфера, а исто така преку преговори да се формира избалансиран, ефикасен и одржлив европски безбедносен механизам“, рекол кинескиот лидер.