20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: принтскрин /видео Официјална јутјуб страница на Џо Бајден
СВЕТ

Опозициски пратеник во Украина повикува на ликвидација на Бајден

Пратеникот во украинската Врховна рада од партијата Опозициска платформа – За живот, Илја Кива, смета дека украинската безбедносна служба треба да подготви план за, како што рече, неутрализација и доколку е можно, целосна ликвидација на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Кива на „Телеграм“ за Бајден тврди дека е, како што пишува, главниот сејач на паника и провокатор за војна и дека неговите изјави и постапки ги загрозуваат економијата и безбедноста на Украина.

„Се надевам дека претседателот Зеленски го покани во Украина токму со таа цел“, додава Кива.

САД и западните сојузници тврдат дека Русија подготвува, како што велат, инвазија на Украина и ѝ се закануваат на Москва со санкции, кои, според нив, ќе ја осакатат руската економија.

Москва, пак, посочува дека НАТО дошол до нејзините граници и дека мора да ги брани црвените линии кога е во прашање нејзината безбедност.