23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лаен и Бајден разговараа за санкциите кон Русија и за испораката на гас

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, преку видеоконференција со американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше за кризата предизвикана од агресивното однесување на Русија кон Украина и напорите да се обезбеди обединет и ефикасен американско-европски одговор, соопшти вечерва Европската комисија.

Комисијата наведува дека Лаен и Бајден го поддржале дипломатскиот пристап кон Русија со цел да ја убедат да ја деескалира кризата и да го избере патот на дијалогот.

„Лидерите разговараа за соработката во финализирањето на масовните санкции против Русија. Претседателката Фон дер Лаен наведе секторски и индивидуални санкции во случај на натамошна воена агресија од Русија против Украина. Таа потврди дека сите опции се на маса и дека санкциите ќе се однесуваат на финансискиот и енергетскиот сектор, како и за извозот на високотехнолошки производи“, се вели во соопштението на Комисијата.

Брисел додаде дека продолжиле да работат на обезбедување дополнителни испораки на природен гас во случај на прекин на снабдувањето од страна на Русија и дека претседателката Фон дер Лаен му се заблагодарила на претседателот Бајден за неговата американска поддршка во овие напори.

Спонзорирано: