25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Украина побара објаснување од Русија во рок од 48 часа

Украина побара објаснување од Русија во рок од 48 часа за нејзините „воени активности“ во областите во близина на границата помеѓу двете држави, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба.

Тој на „Твитер“ објави дека Киев официјално почнал механизам за намалување на ризикот во согласност со став III од Виенскиот документ и побара од Москва да даде детаљни објаснувања за воените активности во областите во близина на територијата на Украина и Крим, пренесува ТАСС.

Кулеба рече дека Русија има 48 часа да одговори.

„Во случај да нема одговор или ако е недоволен или неважен, Украина ќе се обрати до Русија и другите потписнички на Виенскиот документ со цел да одржи вонреден состанок на кој Русија ќе треба да даде објаснување“, рече Кулеба.