18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Без брада, само со мустаќи – ново корона-правило на Универзитет во Германија

Во време кога неколку европски земји најавија или веќе ги укинаа мерките за коронавирус, во Германија се воведуваат дополнителни „чудни“ мерки.

Така, Медицинскиот универзитет во Грајфсвалд, во провинцијата Мекленбург-Западна Померанија, им забранил на студентите да носат брада.

Секој кој досега носел брада мора да ја избричи, бидејќи маската ФФП2 поради брадата не може, како што тврдат, добро да се стави на лицето.

Од Универзитетот по електронска пошта ги известиле студентите „да се погрижат лицето да им биде во согласност со хигиенските правила“, пишува весникот „Нордкурир“.

Студентите можат да пуштат само мустаќи, а ако сакаат да одат на вежби и предавања, мора да ја избричат ​​брадата.