15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Каевски: Стопанството не може да издржи предвремени избори, да се фокусираме на кризата

„Исправени пред предизвикот и реалноста која покажува дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за стотина дена од своите мандати не направија ништо, секојдневно бараат избори за да го сокријат тоа неработење“ кажа пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека парламентарните избори значат нови кочници и блокади на македонското стопанство, кое и онака е кревко поради енергетската и здравствената криза.

„Македонското стопанство не смее да си дозволи предвремени избори бидејќи се соочуваме со енергетска и здравствена криза. Не смее нови блокади, оспорувања и кочници на системот, кои ќе доведат до пропаѓање и губење на работни места“ кажа Каевски.

Пратеникот од СДСМ додаде дека Владата во овие моменти е силно фокусирана на справување со последиците од кризите, бидејќи само така може да се покажа на граѓаните дека политичарите се фокусирани на решавање на проблемите, а не на евтини и ситни политички поени за доаѓање на власт.