10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во верижен судир во Невада загинаа девет лица

Девет лица загинаа, а едно е тешко повредено и е во критична состојба во сообраќајна несреќа во која учествувале шест возила во Северен Лас Вегас, Невада.

Според полицијата на Невада, несреќата ја предизвикал возач кој возел брзо и поминал на црвено светло.

Тој помина на црвено светло пред судирот што се случи во саботата попладне и во кој учествуваа 15 лица, изјави за новинарите портпаролот на полицијата во Северен Лас Вегас, Александар Куевас.

– Досега не сме виделе сообраќајна несреќа со толку жртви – рече Куевас.

Тој рече дека несовесниот возач со своето возило удрил во неколку возила.

Куевас изјави дека две лица се префрлени во болница, а едното од нив им подлегнало на повредите, а другото е во критична состојба.

Спонзорирано: