13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Папата Франциско ги критикуваше лажните вести за коронавирусот и вакцините

Поглаварот на Римокатоличката црква, денеска, го осуди објавувањето лажни вести за коронавирусот и вакцините и апелира да им се помогне на луѓето што веруваат во такви лаги да ги разберат вистинските научни факти.

Папата Франциско се сретна со новинарите, кои формираа мрежа за проверка на фактите, во обид да се борат против дезинформациите поврзани со пандемијата.

Тој постојано повикува на одговорно новинарство, кое ја бара вистината и ги почитува поединците, а таа порака ја повтори и на средбата со новинарите што работат на проверка на фактите.

„Тешко е да не се забележи дека овие денови, заедно со пандемијата, се шири инфодемија, искривување на реалноста засновано на страв, што во нашето глобално општество доведува до експлозија од коментари за погрешни, ако не и измислени вести“, рече папата Франциско.

Додаде дека пристапот до точни информации, засновани на научни податоци, е човеково право, кое особено мора да им се гарантира на оние што се помалку способни да направат разлика помеѓу вистината и купот дезинформации претставени на интернет како факти.

Тој повика на милосрден, мисионерски пристап кон оние што се жртви на лажни вести и апелира да им се помогне да ја разберат вистината.

Ватикан, анализираат светските медиуми, зазеде став дека е морално прифатливо луѓето да се вакцинираат против коронавирусот.

Спонзорирано: