25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Министерство за здравство со предлог-програма за задолжителна имунизација во 2022

На денешната владина седница,а на предлог на Министерството за здравство,пред министрите ќе се најде предлог – програмата за задолжителна имунизација на населението за 2022 година.

„Се работи за програмата за редовна имунизација на населението“, велат од Министерството за здравство.

Во тек е и состанок на Комисијата за заразни болести која, според најавите ќе расправа за намалување на деновите за изолација и евентуални нови мерки поради ширењето на сојот омикрон од коронавирусот.

За новите предлози Владата ќе одлучува на денешната седница.

Освен предлог – програмата на Министерството за здравство, на дневен ред на седницата на Влада ќе се најдат и предлог – програми за изградба и реконструкција на основни и средни училишта за 2022 година, а министрите ќе ја разгледуваат и информацијата за преземени активности во однос на обврските од иницијативата Отворен Балкан.