5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТМОЗАИК

Отиде во продавница да купи чоколадно млеко за децата, СЕ ВРАТИ КАКО МИЛИОНЕР

Љубовта кон чоколадното млеко на неговите деца на Денис му донесе вистинско богатство. Имено, кога отишол да го купи омиленото уживање на најмалите, купил и лото ливче, кое, како што подоцна се испоставило, било добитно.

Денис Виловби од Вирџинија отишол во локална продавница за да им купи чоколадно млеко на децата, не сфаќајќи дека ќе се врати дома со многу повеќе од тоа.

За време на купувањето, тој одлучил да земе картичка за гребење од лотаријата на Вирџинија. Се покажа дека е добитна картичка со џекпот од милион долари. Виловби е само вториот играч кој ја освоил најголемата награда за таа игра. Има уште една добитна карта, но сеуште не е купена.

Веројатноста да се добие џекпот е 1 спрема 1.632.000, објави лотаријата на Вирџинија.

Среќниот татко требаше да избере дали веднаш ќе ги земе сите милион долари или ќе му биде исплатена таа сума во период од 30 години. Тој ја избра првата опција.

Можеби ќе ве интересира

Ненадејната смрт на биткоин милијардер може да го разниша пазарот на крипто

M T