21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ по стапките на Заев, најави заминување од челото на владејачката српска партија – можеби сакам да бидам обичен човек

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во мај ќе се повлече од челото на Српската напредна партија, владејачката партија во таа земја.

„Десет години сум на челото на партијата и тука ќе бидам до мај. Мислам дека тоа е доволно. Во главата веќе имам четворица кандидати за наследник“, кажа Вучиќ.

„Време е за нови луѓе, јас сум веќе 10 години на нејзиното чело. Се повлекувам бидејќи не сакам да загрозам што било пред тоа и победата на партијата на изборите“, додаде претседателот на Србија.

„Би се зачудиле кога би кажал дека и јас имам топлина и емоции, понекогаш сум и јас човечко суштество, си кажувам дека ова го можам, а ова не. Не сум бил ни еден ден на море, можеби сум сакал да бидам нормален, обичен човек“, кажа Вучиќ.

„Можеби сум посакал да не ги носам товарите на овој свет, па ни партиските“.

„Да кажам искарајте се, да не морам да ве смирувам, да видам што ми прави ќерката, малиот син да го однесам на џудо, кошарка, големиот веќе не ме рецка два отсто“, кажа српскиот претседател.

Додаде дека „дал сè од себе“.

„Се борев за земјата, за партијата. За земјата ќе дадам уште од себе“, кажа Вучиќ.

На прашањето дали можеби би се вратил на позицијата премиер, Вучиќ одговори дека не е баш сигурен во тоа сценарио.

Инаку македонскиот лидер Зоран Заев се повлече од претседателствувањето во партијата и Владата, што од светот беше оценето како нетипичен потег за Балканот.

Спонзорирано: