8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британец убивал педофили и убијци: до смрт ќе биде затворен во стаклена ќелија

Еден од најопасните сериски убијци во Велика Британија, Роберт Модсли, ќе умре во подземна стаклена ќелија откога му беше одбиено последното барање да живее со други затвореници.

Моментно е во приватна ќелија во подрумот на затворот, а таму ќе остане до својата смрт.

Одлуката е донесена бидејќи се смета дека е премногу опасен за другите затвореници и чувари.

„Тој беше одбиен минатиот месец, но ја обжали одлуката и сакаше да го помине Божик во присуство на други луѓе. Меѓутоа, тие му одговорија дека ова е последен пат кога му било кажано ‘не’“, локалните медиуми цитираат извор од затворот.

Убил педофили и силувачи

Модсли сега треба да го помине остатокот од своите денови во ќелија од 5,5 x 4,5 метри, направена специјално за него во 1983 година – заштитена со стакло отпорно на куршуми.

Таму секој ден поминува по 23 часа.

Модсли го извршил своето прво убиство како 21-годишен. Тој го убил Џон Фарел. Имено, Фарел бил силувач и на Модсли му покажувал слики од деца што сексуално ги малтретирал.

Модсли ѝ се предал на полицијата. Тој, генерално, се чувал од неволја првите неколку години зад решетки. Потоа, заедно со уште еден затвореник, Дејвид Чизман, го начекале во ќелија малтретирачот на деца Дејвид Френсис, кој бил мачен до смрт пред неговото тело да биде обесено за да го видат затворските чувари. Модсли беше осуден за убиство.

Во 1978 година Модсли го задавил и го избол Сални Дарвуд, кој бил во затвор поради убиство на својата сопруга. Тој го скрил телото на Дарвуд под креветот пред да влезе во ќелијата на педофилот Бил Робертс, кој сексуално малтретирал седумгодишно девојче. Тој го избол Робертс, му го пресекол черепот и му ја удрил главата од ѕидот.

Тој беше лажно обвинет дека му го изел мозокот. Потоа беше осуден на доживотен затвор со препорака никогаш да не биде ослободен.

Спонзорирано: