26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

„Се тресеше од Атина до Крит“ – силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени е регистриран во морето меѓу полуостровот Пелопонез и островот Крит, соопшти грчкиот институт за геодинамика.

Земјотресот се случил утрово во 5 часот на длабочина од речиси 58 километри.

Грчките медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван од Атина до Крит.

„Траеше околу пет секунди, беше доста силно и се чувствуваше дури и во подрумот на зградата“, изјави лице од Крит.

Нема извештаи за повредени или материјална штета.