26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Радев ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност за да разговараат за Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност за да разговара за односот на Бугарија кон Северна Македонија и да бара консензус со сите политички партии во бугарскиот парламент.

Радев додаде дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер Кирил Петков.

„Бугарија ќе ѝ ја отвори вратата на Северна Македонија само со гаранции и заштита на нашиот национален интерес. Ако успееме да донесеме таква одлука, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и навреме и како резултат на тоа, е целосно во рацете на земјата кандидат“, рече Радев, пренесе „Бгнес“.