18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Заразени со омикрон пријавиле необичен симптом: „Знак кој го издава новиот вид“

Симптомите што се појавуваат кај новозаразените со мутантниот вид на коронавирус, омикрон, се сосема различни од оние предизвикани од оригиналниот вид на овој вирус.

Околу пет симптоми се повторуваат кај заразените луѓе, што сугерира дека тие се оние на кои треба да се внимава.

Но, покрај болките во мускулите, заморот, треската и кашлицата, има и една нова необична појава – ноќното потење.

Заразени со омикрон, имено, пријавуваат будење со чаршафи, пижами и коса натопена во пот.

Лекарите, исто така, забележале дека пациентите не страдаат од болки во грлото, симптом кој делта понекогаш го предизвикува, но се „гребат“ од грлото.

Тие посочуваат дека новите случаи заразени со омикрон имаат претежно благи симптоми слични на грип.

Пациентите со омикрон, исто така, не пријавуваат губење на чувството за вкус или мирис – главен симптом на претходни инфекции со коронавирус.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчераутро го потврди првиот смртен случај во Велика Британија од сој омикрон. Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство откри дека десет пациенти се во англиски болници со омикрон и се на возраст меѓу 18 и 85 години, а повеќето се вакцинирани со две дози од вакцината.

Само две дози од вакцината, советуваат експертите, би требало да го намалат ризикот од умирање од омикрон до 84 отсто, а можноста за заразување со нов вид, како и за разболување, се преполови доколку се вакцинирате со бустер.

Најновите податоци откриваат дека бустерите нудат до 75 проценти заштита од инфекција со омикрон. Дури и со целосна заштита, како што расте бројот на случаи и се наближуваат празниците, сепак се препорачува носење маски, миење раце и отворање на прозорци за вентилација.