25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

За влез во Грција ќе се бара ПЦР-тест и од вакцинираните

Од недела, 19 декември, секој што сака да влезе во Грција ќе мора да има негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, соопшти денеска тамошното Министерството за здравство.

Ова, како што се наведува, важи и за вакцинираните лица и е дел од напорите да се сузбие ширењето на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Омикрон-варијантата на коронавирусот е откриена во 77 земји по првичното идентификувана пред три недели, што предизвика загриженост во многу земји дека многуте мутации на овој сој ќе придонесат да се шири побргу и да ја избегне заштитата што ја обезбедуваат вакцините против Ковид-19.