18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

5 симптоми од кои ќе препознаете дали сте заразени со „Омикрон“ или „Делта“ сојот на коронавирусот

Симптомите на омикрон варијантата се разликуваат од претходните соеви, сметаат доктори и епидемиолози од Јужна Африка. Иако некои луѓе пријавуваат благи реакции на вирусот, многумина забележаа дека тие не се исти како оние кај алфа, бета и делта соевите, пишува „Мирор“.

Пријавени се 54.661 нов случај на COVID-19 низ Велија Британија во последните 24 часа, а 38 луѓе починале откако биле заразени со вирусот SARS-CoV-2. Загриженоста околу варијантата омикрон доведе до шпекулации за нови ограничувања за да се запре новата варијанта да надвладее.

Се наведува дека секој ги има овие три традиционални симптоми како висока температура, континуирана кашлица и губење или промена во осетот за мирис и вкус.

Но, првичните извештаи покажуваат дека омикрон има пет различни симптоми како што се:

– гребење на грлото (за разлика од воспалено грло)

– сува кашлица

– екстремен умор

– болки во мускулите

– ноќно потење.

Ноќното потење се издвојува како поинаков симптом. Според д-р Анџелик Катзи, претседателка на Јужноафриканското медицинско здружение и една од првите која се посомнева на омикрон варијантата, вели дека забележала како пациентите во нејзината приватна клиника покажуваат симптоми кои се разликуваат од делта варијаната.

Таа ги предупредила здравствените власти на клиничката слика која не одговарала на делта на 18 ноември кога седум пациенти покажале различни симптоми. Тие имале симптоми на екстремен умор, благи болки во мускулите, гребење во грлото и сува кашлица. За разлика од претходните, немале губење на осетот за мирис и вкус.

Ноќното потење – тоа е кога толку многу се потите што постелнината и облеката во која спиете се влажни, исто така за првпат е забележано кај заразените со омикрон варијантата.