13.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТИЗБОР

„Не ја сакав од првиот ден, ужасно го користеше Хари“ – Трамп проговори за Меган Маркл

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во интервју за ГБ Њуз, истакна дека никогаш не бил обожавател на Меган Маркл, и верува дека таа го искористила принцот Хари.

“Не сум нејзин обожавател. Не ја сакав од првиот ден. Мислам дека ужасно го користеше Хари и мислам дека еден ден ќе зажали за сето тоа. Мислам дека Хари беше лошо искористен и тоа го уништи неговиот однос со семејството, што особено ја повредува кралицата“, изјави Трамп.

„Мислам дека таа ни малку не ја почитува кралицата, која е неверојатна жена и прекрасна личност, личност со долга историја. Таа се обидува да прави работи што мислам дека се многу несоодветни“, рече Трамп, нагласувајќи дека има голема почит кон кралското семејство бидејќи неговата мајка е од Шкотска.“, додаде тој.