17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Научниците открија досега најмоќен сој на коронавирусот: Новата варијанта има дури 32 мутации, вакцините немаат ефект

Новата варијанта на корона вирусот Б.1.1.529 е идентификувана во Боцвана, и научниците најверојатно ќе ја наречат „ни“.

Идентификувани се неколку случаи на оваа варијанта, детектирани до јужниот дел на Африка.

Според научниците од University College London, новата варијанта на корона вирусот е практично „соѕвездие“ од мутации и е идентификувана прв пат во Боцвана.

Велат дека сè уште не им е јасно дали постоечките антитела добро ќе реагираат на варијантата – која има 32 мутации на шилестиот протеин (S-proteine)

Спајк-протеините се она што вирусите го користат за да влезат во човечките клетки, а некои од вакцините функционираат така што го тренираат телото да ги препознае шилците и да ги неутрализира.

Поради тоа, мутациите на шилото може потенцијално да се покажат како проблематични за дозите на mRNA вакцините, како што се Фајзер и Модерна.

Сепак, со само неколку регистрирани случаи – три во Боцвана, шест во Јужна Африка и еден во Хонг Конг од некој што патувал од Јужна Африка – научниците се надеваат дека случаите на ковид предизвикани од новата варијанта на вирусот нема да бидат широко распространети. Главоболката, болките во грлото и течење на носот сега се најчестите симптоми на ковид-19, велат истражувачите.

Франсоа Балу, професорка по биологија на Универзитетскиот колеџ во Лондон, рече: „Засега треба внимателно да се следи и анализира, но нема причина да бидеме премногу загрижени, освен ако не почне наскоро значително да се зголемува бројот на случаите.

Таа додаде дека „соѕвездието“ на мутации може да се создало затоа што вирусот „еволуирал за време на хронична инфекција на имунокомпромитирана личност, веројатно кај нелекуван пациент со ХИВ/СИДА“.