14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николоски со режимска тактика – некоректно било што новинарите го прашуваат

Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, како се уште да не е свесен дека неговата партија, повторно не обезбеди парламентарно мнозинство и започна дрско и арогантно да се однесува со новинарите и медиумите.

Запрашан за изјава по необезбедувањето на 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, тој одби да одговори и се пожали дека новинарите некоректно се однесуваат со него.

„Некоректно е, многу е некоректно. Ви кажав ќе ви дадам изјава после, некоректно ме прашувате со камери“ рече Николоски.

Претходно и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски избезумен, морбидно пратеникот Кастриот Реџепи кој не се појави денес во Собранието, го спореди со покојниот Амди Бајрам.

Спонзорирано: