14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Данска најави враќање на рестрикциите во земјата

Пред околу два месеци, Данска ги укина сите мерки за контрола на коронавирусот. Но, поради наглото зголемување на бројот на заразени, земјата најави враќање на здравствените пропусници.

Вчера петти ден по ред, има повеќе од 2.000 новозразени во Данска, која има 5,8 милиони жители, а 36 пациенти се на интензивна нега.

„ Здравствената пропусница же биде задолжителна за влез во кафулиња, ресторани и ноќни клубови. Со корона-пропусница може да се живее. Таа ви овозможува да бидете мирни кога одите во кино или на концерт, рече премиерката Мете Фредериксен.

Во Данска, 85,9 отсто од луѓето постари од 12 години примиле две дози од вакцината.

Додека некои европски земји сè уште се загрижени за коронавирусот и четвртиот бран на инфекција, епидемијата во Данска пред два месеци беше минато. Земјата ги укина сите преостанати ограничувања поврзани со Ковид, а тамошната влада објави дека вирусот повеќе не претставува критична закана за општеството.

Спонзорирано: