14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Србија 5.725 новозаразени со коронавирус, 68 лица починаа

Вечра во Србија се регистрирани 5.725 новозаразени со коронавирус, а 68 лица починаа.

Како што пишуваат локалните медиуми, бројот на заболени во Србија не се намалува со денови, напротив, се бележат голем број смртни случаи како последица на инфекција со коронавирусот, поради што надлежните ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат и на тој начин да се заштитат себеси и своите најблиски.

Д-р Бранислав Тиодоривиќ предупреди дека не очекува нималку оптимистичко сценарио кога станува збор за епидемијата.

Дополнително, лекарите предупредуваат граѓаните да не користат непроверени лекови за лекување на Ковид-19 бидејќи може да биде опасно по нивното здравје.

Спонзорирано: