19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров и Сијарто разговарале за ситуацијата на Западен Балкан

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска разговарал со својот унгарски колега Петер Сијарто за Западен Балкан и билатералните односи меѓу двете земји, соопшти руското Министерство.

„Денеска, шефот на руската дипломатија, Лавров, и унгарскиот министер за надворешни работи, Сијарто, остварија телефонски разговор во кој разменија мислења за натамошниот развој на билатералните односи, како и за ситуацијата на Западен Балкан“, се наведува во соопштението, а пренесува ТАСС.

Сијарто минатиот месец објави дека неговата земја оваа година ќе ја добие потребната технологија за производство на руската вакцина „спутник В“ во фабрика што моментно се гради, а Будимпешта и Москва во септември потпишаа нов долгорочен договор за снабдување на Унгарија со гас од Русија.

Спонзорирано: