7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Србија стигнува вакцината „Модерна“

Во Србија денеска стигнува вакцината „Модерна“, најави Јадранка Мирковиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала. Се очекува дека оваа вакцина би можела да биде достапна на пунктовите за вакцинација до крајот на неделата.

Таа додаде дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е во процес на одобрување и повтори дека нема отстапувања од стандардите, прописите и барањата што секоја серија вакцини мора да ги исполнува пред да се најде на пазарот.

Мирковиќ наведе и дека проверката што ја поминува вакцината „Спутник в“ не се разликува од проверката на другите вакцини, без разлика што е произведена во Србија.

Досега во Србија се дадени близу седум милиони дози вакцини, а имало 1.175 пријави за несакани реакции.

„До вчера имавме 1.175 пријави, што е една од шест до седум илјади дадени дози, во зависност од временскиот интервал во кој ги следиме тие статистики“, изјави Мирковиќ за РТС.

Несаканите реакции, вели таа, обично се оние што се очекуваат и се појавуваат на местото на апликација на вакцината, како што се болка, црвенило, оток, малаксаност, треска и главоболка, а повеќе од 70 проценти од овие реакции поминуваат спонтано.