10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел ги отвора границите за туристи, првпат од почетокот на пандемијата

Израел од денеска почна да прима индивидуални посети од туристи, првпат од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Властите се надеваат дека отворањето на границите на земјата за индивидуални патнички посети ќе даде нов живот во туристичката индустрија, која се бори со последиците што ги остави пандемијата.

Израел планира повторно да ги отвори своите граници за туристи во текот на пролетта, но го одложи потегот поради зголемување на бројот на заболени предизвикан од делта-варијантата на вирусот.

Оттогаш земјата почна кампања за имунизација со трета доза вакцина. Речиси половина од населението ја примило третата доза.

Патниците што доаѓаат во Израел мора да покажат потврда за вакцинација или потврда за прележан коронавирус во последните шест месеци.

Спонзорирано: