25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУС+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во моментот се активни над 6.100 случаи на коронавирус во Македонија

Бројот на заразени со коронавирус изнесува 6.187 лица, и бележи зголемување во однос на претходната недела.

Според епидемиолошки анализи во моментов, половина од активно заразените се од Скопје (3.190). Голем број на заразени лица има во Куманово (446), Велес (309) и Прилеп (245).

Троцифрени бројки бележат и Штип (198), Кавадарци и Охрид по 190, Кочани (151), Струмица (143), Тетово (104),Крива Паланка (111).

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062.

Вчера беа регистрирани 135 нови случаи, односно 9 проценти од тестираните.

Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19.