9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Фрлал молотови коктели, па бил убиен

Израелските војници застрелаа и убија Палестинец кој фрли молотови коктели врз автомобили во близина на еврејската населба на Западниот брег во четвртокот.

Канцеларијата за врски на Палестина потврди дека еден човек е убиен, и дека војниците уапсиле друг Палестинец, без да наведат други детали.

Војската на Твитер напиша дека двајцата осомничени фрлиле молотов коктел на патот што води кон израелска населба во близина на палестинскиот град Витлеем, загрозувајќи ги возачите.

Војниците во близина дејствуваа за да ја спречат заканата, рече израелската армија, додавајќи дека отвориле оган врз двајца мажи.

Еден од двајцата бил ранет и му била укажана лекарска помош на лице место, но им подлегнал на раните, додека другиот маж бил уапсен, соопшти армијата.

Спонзорирано: