3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТЕХНОЛОГИЈАТОП ВЕСТИ

Се вратија популарните социјални мрежи Facebook и Instagram

Фејсбук и другите услуги на таа компанија се недостапни речиси шест часа за нивните корисници, но некои од мрежите полека се враќаат во функција.

За цели шест часа, Фејсбук, Инстаграм и ВатсАп беа целосно недостапни.

Да потсетиме, корисниците ширум светот се пожалија дека имаат проблем со пристапот до Фејсбук и други социјални мрежи.

Твитер е единствената социјална мрежа што функционираше.

Во меѓувреме, компанијата објави дека знае за проблемот со кој се соочуваат корисниците дека работи на поправање на дефектот што е можно поскоро.

Се случуваше порано апликациите на Фејсбук да „паднат“, но најчесто до максимум од 10 до 15 минути, додека сега, социјалните мрежи не работеа повеќе од шест часа.

Спонзорирано: