11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Официјални резултати – Единствена Русија во Думата ќе има 324 пратеници

Руската Централна изборна комисија денеска ги потврди резултатите од гласањето за Државната дума, односно изборите одржани од 17-19 септември, според кои најмногу места 324, освоила Единствена Русија, чиј член е и претседателот Владимир Путин.

„Конечните протоколи на изборната комисија во врска со Државната дума правично го покажуваат исходот од гласањето. Резултатите се валидни“, рече директорката на ЦИК, Ела Памфилова, а пренесува агенцијата ТАСС.

Во долниот дом на рускиот парламент, исто така влегуваат и Комунистичката партија (57 места), Праведна Русија (27), Либерално -демократската партија (21) и Новиот народ (13).

Три партии (Родина, Партијата за раст и Граѓанска платформа) ќе имаат по еден пратеник, а во Думата ќе влезат и уште пет независни пратеници.

Единствена Русија освои 343 места на изборите во 2016 година, потсетува ТАСС.