16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев на дуелот со Мицкоски: Големата разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е што тие не успеаја да спроведат попис

„Пописот е вредна статистичка операција која ќе помогне во прецизноста за креирање на економските политики. Тоа е големата разлика на оваа влада и владата на ВМРО-ДПМНЕ која не успеаја да спроведе попис, а ние го спроведуваме“ кажа премиерот Зоран Заев на дуелот со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на Канал 5.

Премиерот додаде дека пописот ќе успее бидејќи Владата била флексибилна и професионално пристапила кон барањата на сите.

„Благодариме и на опозицијата што повика на учество на пописот. Тоа е гаранција дека ќе имаме успешен попис. Досега се попишани 1 милион и 100 илјади граѓани, а тоа покажува дека до 30 септември ќе заврши успешно пописот“ кажа Заев.

Тој додаде дека успешниот тек на пописот покажал дека наспроти тврдењата на опозицијата, вклучувајќи го и Мицкоски, дека треба да се одложува пописот и дека за време на корона не треба да се прави попис, гледаме дека тој се одвива успешно.

„Дури и граѓаните кои на прва одбиле, на вториот обид се попишуваат. Дури и активистите на Левица учествуваат и како попишувачи, а и прифаќаат учество во пописот. Народот е одговорен и покажавме дека може да се спроведе попис кога тоа се сака“ рече Заев.

Спонзорирано: