16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев кон Мицкоски: Желбата за власт и политичко профитерство ви личи многу

„Само вам ви личи да имате толку голема желба за власт што се обидувате политички да профитирате од се. Вие сте станале истражител, ги коментирате сите детали, од ракав тропате работи кои се далеку од секоја можна вистина“ му кажа премиерот Зоран Заев на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на дуелот на Канал 5.

„Сеете лаги, манипулирате, поттикнувате антиваксери, неодговорно ја замајувате јавноста, додека Владата се труди да ги заштити животите на граѓаните, да мотивира вакцинација и да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено го сочувуваат здравјето на граѓаните“ рече Заев.

Тој додаде дека е проѕирно политичкото злоупотребување на оваа трагедија од страна на ВМРО-ДПМНЕ и дека граѓаните го гледаат и препознаваат тоа.

„Болниците од модуларен тип се изградени со цел да се избегне италијанско сценарио и преполнување на болниците. Ако место споменици се правеа болници претходно, немаше да има потреба од модуларни болници“ кажа премиерот Заев.

Спонзорирано: