19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев кон Мицкоски: Политиканство на грбот на трагедијата е недозволиво, модуларните болници спасија многу животи и кај нас и во светот

„Вие сте вознемирен затоа што шест пати губите избори, а ќе изгубите и седми пат затоа што играте на политичко профитерство и се обидувате да злоупотребувате се“ кажа премиерот Зоран Заев на дуелот со Христијан Мицкоски на Канал 5.

Премиерот додаде дека Владата покажа способност да обезбеди дополнителни болнички капацитети за да не ни се случи Италија.

„Ние постоиме за да им служиме на граѓаните, спасени се илјадници човечки животи со модуларните болници, додека вие несериозно се поставувате кон државата. Гледате како политички да профитирате од се, дури и од оваа трагедија“ кажа Заев.

Тој додаде дека дуелот станува кавгаџиски поради вознемираноста на неговиот соговорник од опозицијата и дека тоа е така бидејќи тие како партија не знаат да понудат ниту едно решение за државата.

„Болниците од модуларен тип се изградени со цел да се избегне италијанско сценарио и преполнување на болниците. Ако место споменици се правеа болници претходно, немаше да има потреба од модуларни болници“ кажа премиерот Заев.

Спонзорирано: