5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Веста за трагедијата во Тетово го обиколи светот

Веста за големиот пожар во модуларната болница во Тетово во кој според официјалните информации од Министерството за здравство, загинаа 14 луѓе го обиколи светот. Светските медиуми јавуваат за трагедијата која во црно го зави Тетово.

14 луѓе загинаа, а 12 се на лекување во тетоската болница и се надвор од животна опасност соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека во болницата имало вкупно 26 пациенти.

-Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан, соопшти Здравство.