22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Шилегов: Свесно или не, Арсовска помага ВМРО-ДПМНЕ да се сокрие позади неа

„Сите знаат дека Данела Арсовска свесно или не, помага ВМРО-ДПМНЕ да се сокрие позарди неа. Пред моето доаѓање како градоначалник ВМРО-ДПМНЕ 27 години управуваше со нашиот град. Сите аномалии кои ги има и кои ги решаваме се од нивното невладеење“ кажа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема храброст да излезе со свој кандидат пред скопјани и кажа дека е убеден оти поради постигнатите резултати, многу членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за него на престојните избори.

„Конечно имаме демократија и повеќе кандидат иза градоначалникот. Неприкосновено е правото да бираш и да се биде биран. Јас сепак гордо стојам пред скопјани со 4 изградени булевари, еден завршен мост во аеродром друг почнат во Каршош, 110 километри велосипедски патеки, многу зеленило, тендериран Бас рапид транзит, стационар за улични животни и политики креирани за одржлив развој на градот“ кажа Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје додаде дека верува оти телото кое го поддржува ќе се зголеми на овие избори.

Шилегов додаде дека направени се многу работи и започнати се многу работи од кои нема враќање и кои ќе мора да се завршат, а ќе решат проблеми на граѓаните на Скопје. Тој додаде дека со добра анализа и стратегија со цел да се направи вистински развој, неговата администрација проби нови коридори и реши или започна решавање на многу работи кои беа рак-рана на Скопје и скопјани.