10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Победничка парада на талибанците: Американски воени возила, хеликоптер „Блек Хоук“ и транспортери

Талибанците денеска одржаа победничка воена парада во Кандахар, вториот по големина град во Авганистан, каде што беше основана исламистичката група.

Голем број американски воени возила, како што се Хамви, камиони и транспортери, возеле низ градот на парадата. Најмалку еден американски воен хеликоптер „Блек Хоук“ исто така е виден над градот.

Сите овие возила, оружје и опрема талибанците ги зедоа откако брзо го освоија целиот Авганистан, а армијата на таа земја, која беше опремена од Американците речиси 2 децении, се предаде.

Спонзорирано: