22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Швајцарски професор предупредува за појава на нов „суперкоронавирус“

Научникот имунолог, професор на Федералната политехничка школа во Цирих (ETH Zurich), Саи Редди предвидува појава на нови варијанти на коронавирусот, коишто имајќи високо ниво на заразност ќе бидат и способни да избегнат изложеност на антителата.

Во интевјуто за весникот SonntagsBlick, Редди вели дека мутациите на „бета“, „гама“ и „делта“ соевите на коронавирусот SARS-Cov-2 ги смета за „неизбежни“, што значително може да ја комплицира борбата против пандемијата на коронавирусната болест Covid-19 следната 2022 година.

Како што појаснува Редди, сојот „бета“, идентификуван во август 2020 година во Јужноафриканската Република, и сојот „гама“, кој првпат се појави лани во Бразил, „развиле мутаци благодарејќи на коишто може делумно да избегнуваат изложеност на антителата“. Кога станува станува збор за „делта“ варијантата, тој смета дека таа е „значително многу позаразна, но досега не формирала“ такви мутации.

Научникот вели дека смета оти следната фаза на мутацијата е „неизбежна“: „бета и гама ќе станат позаразни, а делта ќе развие способност да избегне (изложеност на антитела)“.

„Тоа ќе стане голем проблем следната година“, констатира имунологот, додавајќи дека ситуацијата во 2022 година „може да биде уште полоша отколку што е сега“.

„Covid-22 може да биде уште полош од она што го дожувуваме сега“, вели научникот во интервјуто.

Комбинацијата од постојните соеви на коронавирусот SARS-CoV-2 може да доведе до нова фаза на пандемијата со поголем број смртни исходи, вели научникот. Варијантите „бета“ од Јужна Африка и „гама“ од Бразил веќе развија мутации, коишто им овозможуваат делумно да ги избегнуваат антителата, потсетува Редди.

Стручњакот истакнува дека новата варијанта на SARS-CoV-2 треба да се препознае што е можно порано, така што производителите на вакцини да можат да брзо да ги прилагодат препаратите за справување со заразата.

„Имунолошкиот систем и вирусот се како двајца танчера. Изгледа како имунитетот да се движи и вирусот реагира на него. Ние ќе танцуваме со него уште долго време. Можеби и до крајот на животот“, заклучува Редди.

Одговарајќи на прашањето што може да се очекува во врска со пандемијата на коронавирусот претстојните есен и зима, професорот вели дела тоа „ќе бидат тешки шест месеци“, бидејќи сѐ уште не е возможно да се контролира „делта“ сојот и оти стапката на вакцинација сѐ уште не е доволно висока.

Според него, „доколку нивото на вакцинација не се зголеми значителни, бројот на случаите (на зараза со коронавирусот) и хоспитализациите ќе се зголемат најмалки колку и минатата година. Тој смета дека ако Швајцарија ја немаше сегашната покриеност со вакцинација од над 50 отсто од популацијата, тогаш „ова ќе беше катастрофално лето, како во Индија или Бразил“.

Според Редди, коронавирусот SARS-CoV-2 е меѓу луѓето „долго време“. „Веројатно ова ќе трае со години, можеби и до крајот на нашите животи“, предвидува.

Научникот истакнува дека „делта“ варијантата е толку силна што секое невакцинирано лице по контактот со неа „може да стане супер-ширител“ на заразата. Особено тоа се однесува на децата до 12 години, кои во моментов во Швајцарија не подлежат на вакцинација против коронавирусот. Штом ќе има докази дека вакцините се безбедни за оваа возрасна група, „треба да започне масивна кампања за вакцинација“, смета имунологот.

Спонзорирано: