11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) По земјотресот, морето ги преплави улиците на Хаити

Земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер го погоди Хаити, при што неофицијално загинаа најмалку 29 лица.

Направена е голема материјална штета, а многумина се’ уште се водат за исчезнати и се трага по нив под урнатините. Исто така, во болниците има голем број повредени.

Властите претходно издадоа предупредување за цунами.

Набргу по земјотресот, нивото на морето почна да се крева, а плимниот бран ги поплави улиците. Ова предизвика дополнителна паника кај жителите, кои се’ уште се во шок од разорниот земјотрес.

Објавените снимки покажуваат луѓе како трчаат низ поплавените улици.