23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Теута Арифи позитивна на коронавирусот: Вакцинирана сум со две дози, имам само благи симптоми

Теута Арифи, градоначалничката на Тетово е позитивна на коронавирусот. Објави дека вчера по некои мали здравствени проблеми, се тестирала и тестот бил позитивен.

„Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија. Иако пред повеќе од месец и половина ја примив втората доза од вакцината, вирусот уште е меѓу нас и може да влијае на секого!

Благодарение на вакцинацијата досега имам само благи симптоми, затоа ги охрабрувам сите граѓани да се вакцинираат што е можно поскоро! Останете внимателни и одговорни, заштитете се себе си, семејството и другите околу вас, напиша Арифи на фејсбук.

Таа до завчера ги извршуваше работните обврски.

Спонзорирано: