10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Турција со хеликоптер се евакуираат луѓе од покриви на куќи, досега загинаа 27 лица

Најмалку 27 лица ги загубија животите во поплавите што ги погодија турските градови во крајбрежната зона долж Црното Море, објави денеска Службата за вонредни ситуации, што е втора голема природна катастрофа во Турција овој месец.

Поплавите предизвикаа хаос во северните провинции, додека на југот на земјата, властите се бореа со огнот две недели, но тие објавија дека ситуацијата сега е под контрола, објави „Ројтерс“.

Во провинцијата Кастамону, 25 лица загинаа поради поплавите, а уште две лица загинаа во провинцијата Синоп. Продолжува потрагата по исчезнатите во провинцијата Бартин. Повеќе од 1.700 луѓе се евакуирани од погодените области, а некои од нив мораа да бидат евакуирани со чамци и хеликоптери.

Спонзорирано: