23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Шпан: За невакцинираните ќе стане непријатно

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, објави дека вакцинираните граѓани може да очекуваат опуштена есен и зима.

Тој вети дека нема да има нови заклучувања за вакцинираните.

За оние што не се вакцинираат, сепак, ќе стане непријатно бидејќи ќе мора да платат задолжителни тестови од октомври.

Во изјава за германските медиуми Шпан апелира до граѓаните да се вакцинираат.

Сѐ уште не се имунизирани доволно граѓани против коронавирусот за да се спречи преоптоварување на здравствениот систем, посочи тој.

„Тројца од четири возрасни граѓани сѐ уште не одлучиле да се вакцинираат“, подвлече тој.

Шпан рече дека мнозинството граѓани може да сметаат на фактот дека нема да има поголеми ограничувања за нивната слобода и дека нема да има ново заклучување.

„Вакцинацијата ги прави есента и зимата безбедни“, рече тој додавајќи дека со тоа се прави позитивна разлика.