23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Четири лица од Гостиварско, кои требало да бидат во изолација, ја напуштиле државата

Четири лица од Гостиварско, на кои им било издадено решение за изолација поради Ковид-19 и требало да бидат на домашно лекување, ги напуштиле своите домови и заминале во странство.

Имено, вчера, при вршење контрола на лица што се во домашна самоизолација во Гостиварско, било утврдено дека З. Б. (33) од Чегране, Х. С. (32), В. Ш. (52) и А. Ш. (22), тројцата од гостиварско Корито, сите со решение за изолација и домашно лекување, не биле дома и ја напуштиле државата.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.