18.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Девет лица загинаа, а 30 се повредени во судар на автобус и камион во Турција

Најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени во судар на автобус и камион во областа Сома, во турската провинција Маниси, пренесуваат турските медиуми.

Автобусот, кој се движел на релација Истанбул-Измир, удрил во камион.

Шест патници починале на лице место, а тројца починале во болницата во Сома.

Според најновите информации 30 повредени патници се хоспитализирани.

Во автобусот имало 50 луѓе, меѓу кои тројца членови на екипажот.