8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за Канал 5: Сега сите знаат се` поради транспарентноста, корупцијата е казнива за сите ешалони

-Дали сметате дека навистина не постои детектирана корупција и во повисоките ешалони на власта, и дали останувате на ставот дека генерално корупцијата се случува само кај пониските нивоа на власта?

„Поради фактот што јавноста но и дел од синдикатските здруженија и политички партии бурно реагираат на вашата изјава од завчера, во која вината за корупцијата во Македонија, нотирана и од Стејт департментот на САД, ја лоцирате во „третиот ешалон”, односно шалтерски работници или администрација, Канал 5 ве прашува:

-Дали сметате дека навистина не постои детектирана корупција и во повисоките ешалони на власта, и дали останувате на ставот дека генерално корупцијата се случува само кај пониските нивоа на власта?“

Одговорот на премиерот Зоран заев на прашањето од Канал 5:

” Јас сум свесен дека не постои власт за која народот верува дека во нејзиниот прв и втор ешалон нема корупција. И завчера немав намера да го убедувам народот во тоа.

Напротив, најважно е што ќе направи секој од нас за да бидеме поблиску до таа цел – а целта е нема корупција во било кој ешалон од власта и во кој било дел од општеството.

Ние сме непријатели и противници на корупцијата и влезени сме во сеиозен клинч со овие општествени болести, рече Заев за Канал 5.

Целиот текст прочитајте го тука.