8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Опасност од заразни болести, отровно ѓубриште и епидемии по поплавите во Германија

Во поплавите што погодија делови од Западна Европа загинаа најмалку 189 лица, а стотици се водат за исчезнати.

Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови, а многумина сè уште немаат пристап до електрична енергија и вода за пиење.

За време на викендот водостојот на реката Мас се искачи на ниво што не е забележано во последните сто години, мерките за евакуација сè уште се во сила во неколку области на југот на Холандија. Само во градот Венлу, сместен веднаш до реката, 10.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

Во меѓувреме, во Германија, откако водата се повлече, беше откриено вистинско уништување предизвикано од пороите, а беа погодени цели градови, железници и патишта. Најмалку 165 лица загинаа во поплавите, кои германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги опиша како „најлошата природна катастрофа на векот“.

Засега германските сојузни, државни и локални политичари сè уште немаат одговор на клучното прашање зошто немаше ефективни предупредувања пред оваа катастрофална поплава. „Њујорк тајмс“ објави текст во кој пишува дека Германија знаела за поплавите и наведе дека е очигледно оти има „грешки во системот за предупредување“.

Портпаролот на Германската метеоролошка служба, Андреас Фридрих, рече дека тие издале предупредувања за екстремни дождови и изјави дека не е на нив да утврдат ризик од поплави, да повикуваат луѓе на евакуација или да преземат какви било други мерки.

Агенцијата соопшти дека не биле изненадени од јачината и временскиот период на поплавата.

Спонзорирано: