12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Расте бројот на заразени во Израел – можно воведување на одредени рестриктивни мерки

За прв пат во последните четири месеци, бројот на новоинфицирани со коронавирус во Израел е повеќе од 1.000 за еден ден, објави Министерството за здравство.

Како што се наведува во соопштението во периодот од 24 часа биле пријавени нови 1111 случаи, што е најголем број на случаи за еден ден од средината на март.

За време на врвот на пандемијата во јануари, бројот на дневни случаи во Израел надмина 10.000.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет во петокот рече дека варијантата делта на вирусот предизвикува зголемување на инфекциите ширум светот, дури и во „вакцинираните земји како Велика Британија, САД и Израел“.

Тековната проценка е дека „ефективноста на постојните вакцини против варијантата делта е послаба од очекуваната“ и јасно е дека проблемот не може да се реши само со вакцинација, рече тој.

Поради новото зголемување на инфекцијата, Израел има намера да воведе рестриктивни мерки за собири на повеќе од 100 луѓе во затворен простор од среда.

Ваквите настани ќе бидат достапни само за оние кои биле вакцинирани, кои имале ковид-19 и имаат негативен тест. Секој ќе мора да носи заштитна маска.