12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Над 240 илјади граѓани примиле две дози од вакцините против Ковид-19

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 494.389 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека на вакциналните пунктови заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 400.235 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.377 граѓани, а се вакцинирале 12.590 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а со втора доза се 240.651 граѓанин.

Со последните бројки, 54 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 52 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 47 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 39 % од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Масовната вакцинација се одвива во неколку градови во државата, и тоа во „А1 СЦ Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и во Прилеп.